Компанија

За нас

Klik Logistik е логистичка компанија специјализирана за сигурен, навремен и ефикасен транспорт во Македонија. Градиме раст преку стабилна услуга и долгорочна соработка со клиенти од различни индустрии.

Работиме организирано и одговорно, со јасна комуникација и фокус на секоја испорака. Обезбедуваме практични логистички решенија прилагодени на реалните потреби на клиентите, со акцент на точност и сигурност.

Нашата сила е во тимот. Се грижиме за луѓето во компанијата затоа што веруваме дека добрата услуга започнува од внатре.

Во следната фаза од развојот, планираме континуирано проширување на нашиот возен парк и воведување нови меѓународни релации.